Истражувањата покажале дека многу од пациентите кои што биле заразени од коронавирусот воопшто не развиле симптоми на респираторна инфекција.
Еден од првите симптоми кој што се појавувал кај луѓето е целосно неочекуван. Како што покажуваат најновите истражувања пациентите кои што имале поблаг облик на зараза, меѓу првите симптоми имале дијареа.
Авторите на истражувањето тврдат дека во ваквите случаи симптомите на респираторна болест се појавуваат подоцна во текот на инфекцијата на коронавирусот, а често и воопшто не се појавуваат.
Новите откритија се многу важни затоа што пациентите кои што нема да ги добијат класичните симптоми на Ковид-19 (кашлање, отежнато дишење и температура), поминуваат како непозитивни на вирусот и често ни самите не се свесни дека се заразени, па бидејќи не се самоизолираат ја шират инфекцијата.
Меѓутоа, научниците кои што се автори на ова истражување нагласуваат дека таквите појави не се чести. Исто така тие наведуваат дека е можно да сте заразени доколку одеднаш и без никаква причина имате мачнини во стомакот.
„Апелираме дека ваквите случаи се ретки и дека истите треба да се земат предвид и треба да бидат тестирани“ – наведуваат авторите на истражувањето кое што било објавено на 30-ти март во „Американски весник за гастроентерологија“.
Ова истражување не е прво кое што се занимава со дигестивен тракт како можен симптом на Ковид-19.
Во истиот весник на 18-ти март било објавено дека околу 200 пациенти во три болници во Вухан имале симптоми како што се дијареа, повраќање и болки во стомакот.