Француската компанија Ubisoft официјално потврди дека новата PlayStation конзола нема да може да ги покренува игрите од PS1, 2 и 3, но дека ќе може да ги врти игри од претходната верзија PS4.
Гласините за тоа дека PlayStation 5 нема да може да ги пушта игрите од претхидните верзии на конзолата веќе некое време постоеја меѓу љубителите на видеоигрите, а француската компанија сега официјално ги потврди овие шпекулации.
Ubisoft на својата официјална веб-страница објави дека „повратната компатибилност на PS5 ќе биде овозможена само за поддржаните PS4 игри.
Тоа не значи нужно и дека нема да биде можно да се играат видеоигрите од ерата на PS 2 или 3 со оглед на тоа дека некои ќе бидат на Now платформата, како што тоа беше случај и за претходната генерација на PlayStation. Постои можност и дека објавата на Ubisoft се однесува само на нивните игри, меѓутоа тоа е малку веројатно со оглед на тоа дека политиката на Sony отсекогаш била ваква.
Сегашниот претседател на Sony истакна дека не му е јасно зошто некој би сакал да игра прастари игри, додека политиката на Microsoft секогаш била таква што новите конзоли можат да ги вртат игрите од сите претходни генерации на Xbox, па таков ќе биде случајот и со новата генерација Xbox Series X, што излегува во декември оваа година.