Красногорскиот завод „С. А. Зверевˮ го претстави на форумот „Армија-2020ˮ првиот инструмент во Русија за откривање вируси во воздухот, вклучувајќи и коронавирус, соопшти во интервјуто за РИА „Новостиˮ генералниот директор на претпријатието Александар Новиков.
Според него, „Детектор-БИОˮ може да детектира и бактерии и токсини.
„Со помош на ваков инструмент за автоматска анализа на примероци на воздухот е потребно од десет до 30 минути, во зависност од концентрацијата на патогените и други факториˮ, рече Новиков.
Клиничките испитувања на инструментот се завршени во јуни, неговото сертифицирање е во подготовка и затоа е рано да се зборува за продажба.
„Меѓутоа, ние сме максимално подготвени и во случај на потреба можеме да произведеме онолку инструменти колку што му е потребно на нарачателот. Важно е што овој уред може да реагира на различни патогени во воздухот и затоа може да се користи како за цивилни цели, така и за биолошка безбедностˮ, истакна генералниот директор на заводот.
Инструментот може во потполно автоматски режим истовремено да детектира максимално 86 предизвикувачи на инфективни заболувања од вирусна и бактериска природа, како и токсини од околината.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли