За жал сведоци сме дека секое лето, деца или домашни миленичиња остануваат „заробени“ на задните седишта во возилата, понекогаш и со трагични резултати.
За да се спротивстави на проблемот, Алијансата на производители на автомобили и Здружението на глобални производители на автомобили се обврзаа дека ќе направат сензор за задните седишта односно технологија која ќе алармира за присуство на деца или миленици на задните седишта во буквално сите автомобили и камионeти до моделната 2025 година.
Такви системи има и сега, но многу од нив се релативно основни. Tesla секогаш била чекор понапред, барем кога станува збор на технологија, па затоа компанијата од Федералната комисија за комуникации побарала одобрение за интерактивен уред за детектирање на движење со краток дострел, со чија работа би се подобрил безбедносниот систем кај возилата.
Овој сензор на Tesla би користел четири предаватели и три ресивери , а во неговата основа всушност е радарската технологија. Не е лиценциран бидејќи користи милиметарски бранови со поголема моќност отколку што е дозволено со прописите.
Во Tesla сметаат дека радарската технологија има предности во однос на другите сензорски системи, како на пример оние базирани на камери или оние што се вградени во седиштата.
Радарските системи продираат длабоко во предметите, гледаат „преку“ меки материјали, ја препознаваат големината на телото со цел поквалитетно отворање на воздушните перници во случај на судир, така што автомобилот ќе препознае дали станува збор за дете или возрасен.
Федералната комисија за комуникации (FCC) веќе има одобрено слично барање од Google во 2018 година, додека Valeo North America има доставено барање за безбедносен уред кој исто така би откривал деца во автомобилите.
Поврзани артикли