Вселенскиот телескоп Hubble на НАСА неодамна сними формирање на нова галаксија, додека се видливи остатоците од старите.
Станува збор за NGC 1614, галаксија оддалечена од Земјата околу 200 милиони светлосни години, сместена во соѕвездието Eridanus. Оваа галаксија е интересна бидејќи е создадена како резултат од спојување на две други галаксии, со тоа што тој процес е сè уште во тек.
#HubbleFriday NGC 1614 is a peculiar galaxy. Its odd shape is the result of a galactic merger and comes complete with a tidal tail (a trail of stars and gas flowing outward).
It's also the second most luminous galaxy within 250 million light-years of us: https://t.co/lpM0054PZy pic.twitter.com/BXRkQp79ft
— Hubble (@NASAHubble) August 14, 2020
Оваа космичка колизија предизвика проток на турбулентна струја на меѓуѕвезден гас која тече од помалата галаксија во јадрото на поголемата при што се создава огнена стихија во внатрешноста каде се создаваат нови ѕвезди.
Благодарение на бурното минато и моменталниот изглед на оваа необична галаксија, астрономите ја категоризираат како посебна, инфрацрвена галаксија во која се раѓаат ѕвезди. Сјајните инфрацрвени галаксии се најсветли објекти во локалниот дел на вселената, а NGC 1614 е втората најсветла галаксија внатре во 250 милиони светлосни години.
Извор: Index.hr