Во време на здравствена и финансиска криза, Tesla Motors остана профитабилна компанија во последните квартали на годината, а SpaceX собра најмногу средства досега.
Милијардерот и бизнисмен Елон Маск стана четвртиот најбогат човек во светот, по историскиот скок на акциите на Tesla. Акциите пораснаа за повеќе од 300 проценти, а Маск „тежи“ 85 милијарди долари.
Акциите на Tesla вчера скокнаа за повеќе од 11 проценти, зголемувајќи ја нето вредноста на технолошката компанија за скоро 8 милијарди долари.
Со нето вредност од 84,8 милијарди долари, Маск е зад Марк Цукерберг, Бил Гејтс и Џеф Безос.
Tesla Motors остана профитабилна компанија во последните квартали и покрај влијанието на пандемијата со коронавирусот. Tesla продаде повеќе од 179.000 автомобили во текот на првата половина на 2020 година.
SpaceX собра 1,9 милијарди долари нови средства. Bloomberg во извештајот за новата рунда финансирање одржана минатата недела, наведе дека вредноста на капиталот на оваа приватна компанија, по оваа трансакција, изнесува 46 милијарди долари.
Поврзани артикли