Автомобилскиот гигант Ford соопшти дека ќе отпушти 10.000 работници низ цела Европа и ќе го намали бројот на своите фабрики на континентот од 23 на 17.
Ford исто така најави дека ќе престане со производство на возила што помалку се продаваат, како што се моделите C-MAX и Grand C-Mac. Планирано е и зајакнување на партнерството со „Фолксваген“, пренесува Bankar.me.
Компанијата тврди дека е на пат да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, во наредната година, без да инвестира во заеми и да плаќа казни, и во согласност со претходниот план.
Најавено е дека 13 нови електрични возила ќе бидат понудени до крајот на годинава.
Веста доаѓа неколку дена откако беше објавено дека неодамна избраниот извршен директор Џим Хакет ќе биде сменет. Тоа ќе биде втора промена на менаџментот годинава.
Ford е во реструктурирање на компанијата во вредност од 11 милијарди американски долари. Тоа треба да помогне да се забрза развојот на нови возила, хибридни и електрични.