Во текот на април, Google Phone апликацијата беше додадена на повеќе паметни телефони, кои не се од екосистемот на Google. Според наводите на сајтот Android Police, Phone апликацијата сега е достапна за преземање за уште поголем број смартфон брендови.
Phone Beta верзијата на апликацијата за телефони е можно да се инсталира преку овој линк на компјутерите, а потоа да се преземе преку Play Store (исто така преку десктоп).
За жал, Call Screening – најдобрата функција на Google Pixel уредите – не е достапна за другите телефони. Google веројатно има намера во иднина да ја овозможи и за другите уреди, бидејќи претставува една од подобрите продажни карактеристики во борбата против спам повиците.
Потребно е да се има на ум дека Google Phone апликацијата е во Бета фаза, па можат да се очекуваат некои проблеми со повиците во зависност од моделот на телефонот. Исто така, достапноста на Beta програмата зависи од географската локација, па можеби нема да биде достапен во секоја земја.