По неколку дена тизери на Twitter, официјално е потврдено дека Realme C11 смартфонот ќе биде достапен на европскиот пазар од овој месец.
Продажбата на Realme C11 во Европа ќе почне на 26. август, спецификациите се веќе познати, а останува да се види колку ќе чини уредот.
Realme C11 е првобитно претставен кон крајот на јуни за малезискиот пазар, продажбата во Индија почна на 14. јули, а за две минути се продадени 150.000 примероци.
Цената на смартфонот во Малезија и Индија изнесува околу 90 евра, а се очекува дека во Европа ќе биде нешто поскап и дека ќе припаѓа на категоријата уреди во ценовен ранг од околу 100 евра.
Realme 11 има 6,5-инчен екран со 720p резолуција, MediaTek Helio G35 процесор, главна камера од 13 и селфи камера од 5MP, а ќе го напојува батерија од дури 5.000 mAh (10W полнење).
На располагање ќе бидат два слота за SIM картички, како и еден слот за microSD картичка.