Новите анализи завршени кон средината на оваа година, покажаа дека во светот постојат 3,1 милијарда конзументи на видео-игри.
Бидејќи има скоро осум милијарди луѓе во светот, тоа значи дека околу 40% од населението игра видео-игри на овој или друг начин. Делот на пазарот кој бележи најголем раст е поврзан со видео-игрите за паметни телефони, а тоа вклучува повеќе од половина од играчите, се вели во извештајот на компанијата „DFC Intelligence“.
Од споменатите три милијарди, околу 8% од вкупниот број паѓа на оние кои играат видео-игри на конзоли, но оваа група потрошувачи исто така бележи најголемо трошење на пари по корисник.
Дури 48% од потрошувачите на видео-игри, или 1,5 милијарди луѓе, се оние кои играат на компјутер, но важно е да се истакне дека станува збор и за играчи кои паралелно со компјутерот користат конзоли и паметни телефони.
Во извештајот се открива и каде живеат најголем број играчи, каде што доминира азискиот пазар со 1,42 милијарди играчи, а потоа следат Европа, Јужна Америка, а потоа и Северна Америка.
И во однос на популарноста, во јули 2020-та година, најпродаваната видео-игра беше „Ghost of Tsushima“, по што следат „Call of Duty: Modern Warfare“ и „Paper Mario: The Origami King“. Се разбира, оваа листа не вклучува мобилни и бесплатни игри како „Fortnite“.
Извор: B92.net