Ако го користите клима уредот, можете да ја зголемите потрошувачката на гориво за дури 10%, но отворањето на прозорците во некои услови може да биде уште понеекономично.
Тогаш, што е поекономично за подносливо летно возење со автомобил? Да се отворат прозорците или да се вклучи климатизација? Ова е прашање за кое размислувале многу возачи, а магичната граница е брзина од 72 km/h.
Под оваа брзина има смисла да се отворат прозорците додека возите за да се олади автомобилот. Над оваа брзина, ефектот на отпор на отворените прозорци започнува да ја свртува ситуацијата во прилог на вклучување на климата, односно потрошувачката со вклучен клима уред е помала.
Овој совет се заснова на резултатите од студијата на Друштвото на автомобилски инженери (ЅАЕ), која се занимавала токму со оваа тематика.
Постојат многу варијабли кои ова истражување не може да ги објасни како што се: колку прозорци се отворени, аеродинамиката на различни модели на автомобили, колку долго некој може да го користи својот клима уред (некои го користат само за кратко ладење) и можноста за употреба на вентилаторите без климатизација.
Сепак, брзината од 72 km/h е прилично добра граница. Ако користите клима уред, потрошувачката на гориво можете да ја зголемите за дури 10%, но отворањето на прозорците со поголема брзина може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%.
Исто така, вреди да се земе предвид изложеноста на загаден воздух при градското возење. Во овие ситуации, веројатно е најдобро да се избегне отворањето прозорци. Сепак, знаејќи дека во топли услови може да биде многу непријатно, како решение можете да го вклучите клима уредот, но затворете ги надворешните отвори, така што ќе циркулира само воздухот од кабината и нема да се повлекува воздух однадвор, особено оној загадениот од издувните гасови од возилото пред вас.
Извор: Додај Гас