Иако земањето примероци на Марс ќе биде комплицирано, ќе биде уште потешко да се вратат на Земјата.
Европската вселенска агенција (ESA) го ангажираше Airbus за изградба на вселенско карго летало кое треба да донесе примероци од почва и карпи од Марс на Земјата.
Примероците треба да откријат дали имало некогаш живот на Марс и дали тој сè уште постои и денес, а ќе ги собере роверот на НАСА, Perseverance, кој беше лансиран пред неколку дена.
Ова не е само двојно потешко од било која типична мисија на Марс, туку и двојно покомплицирана, изјави Дејвид Паркер, директор за човечки и роботски истражувања во ЕСА, за BBC. Тој додаде дека новото вселенско летало ќе биде „првиот меѓупланетарен карго-брод, дизајниран да носи товар помеѓу Марс и Земјата“.
Вселенското летало, официјално именувано Earth Return Orbiter (ERO), ќе тежи дури 6,5 тони, а треба да тргне на пат во 2026 година.
За примероците што ќе ги собере Perseverance да се вратат на Земјата, ќе биде потребна голема соработка помеѓу НАСА и ЕСА, но и цела низа роботи.