TikTok повторно е во центарот на вниманието во технолошката индустрија, поради желбата на американската влада да ја забрани апликацијата во земјата. Сега Microsoft има 45 дена да го финализира договорот за купувањет на TikTok, а овој рок го даде лично американскиот претседател Доналд Трамп и истекува на 15 септември.
По тој датум, ќе стапат на сила планираните санкции, со што повеќе од 100 милиони американски корисницинема да можат да пристапат до апликацијата. Проблемите на TikTok внимателно ги следат најголемите конкуренти на ByteDance. Неизвесностите за иднината на апликацијата сега го натераа Facebook да преземе стратешки потег за да ги искористи тензиите против TikTok.
Instagram, кој е во сопственост на компанијата, сега официјално ја претстави функцијата Reels за корисниците во повеќе од 50 земји низ целиот свет. На овој начин, Facebook се надева дека ќе го привлече интересот на поголема публика, вклучувајќи ги и најактивните автори на содржини во конкурентската платформа, пренесува TheVerge.
Како и TikTok, новата апликација им овозможува на корисниците да создадат забавни и оригинални видеа кои се надополнети со музичка позадина. Reels Instagram има ограничување на содржината од 15 секунди, богата колекција песни и многу дополнителни филтри за корисниците да можат да ја искажат својата креативност.
Јавните профили во апликацијата ќе бидат лесно откриени, што ќе го олесни промовирањето на најдобрите сметки и лесно споделување на содржините со надворешните платформи. Дополнителни карактеристики на корисниците им овозможуваат да контролираат кои профили ќе ги гледаат нивните видеа.