Во целина, развојот на 5G мрежата нема да влијае на организмот на човекот, бидејќи организмот одлично се адаптира на новите животни услови, изјави медицинскиот директор на сервисот “SberZdravlje”, Владислав Мохамед Али.
Постои таква појава што, кога луѓето се ставаат во затворена просторија, тие почнуваат да се чувствуваат полошо, отколку кога се сместени во електромагнетно поле. Мислам дека тоа ќе се случи и со 5G технологијата. Тогаш, по некое време, ќе се навикнеме на тоа и потенцијалните промени кои може да настанат ќе ги неутрализира нашиот организам”, вели експертот.
Не треба да се заборави дека нашата планета има свое електромагнетно поле, постои сончева радијација и други магнетни полиња.
Потсетуваме, 5G мрежата веќе од наредната година би можела да се појави во повеќе држави од светот. Со неа се поврзани многу теории на заговор. Дури и коронавирусот се поврзува со неа – наводно таа ја шири епидемијата.
Извор: Sputnik