Сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Елон Маск на Твитер објави дека вонземјаните учествувале вo изградбата на пирамидите и дека тоа е очигледно.
По тој повод реагираше египетскиот министер за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат. Таа изјави дека доказ оти пирамидите не биле изградени од вонземјани се откриените гробници на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле, пренесува Би-Би-Си.
Како одговор на Маск на Твитер, таа го покани да дојде во Египет.
Експертите тврдат дека гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ дека пирамидите биле изградени од античките Египќани.