SpaceX изврши уште едно успешно тестирање на Starship. Елон Маск потврди дека Starship SN5 изврши статички тест и дека наскоро ќе биде извршен и „скок“од 150 метри.
Основачот на SpaceX се надева дека до пролет Starship ќе стигне до орбитата, а најави и нов пробен лет.
Минатиот август видовме како Starhopper изврши „скок“ со помош на ракетата Raptor, а сличен тест наскоро ќе направи и Starship. Компанијата продолжува со унапредување на неговиот дизајн и тестирање на прототиповите.
Викендов се очекува враќање на капсулата Crew Dragon, а приоритет за SpaceX е проектот Starship.
Извор: Klix.ba