Дека треба да се внимава што објавуваме на социјалните мрежи тоа сите добро го знаеме, но оваа мајка изгледа малку се занела.
Oваа женa од Мисисипи пред неколку дена објавила фотографија на Твитер од својот син и пишала:
-Продавам тригодишно момче за 12 долари или за некоја друга добра понуда- пишувало на статусот на што многу од нејзините пријатели коментирале, но се нашол и некој кој тоа го пријавил во центар за социјални служби.
Неколку дена по објавата на мајката и се јавиле дека ќе мора да го земаат детето од градинка и да поразговараат со него за да видат дали се работи за трговија за луѓе.
Иако жената се шегувала, детето разговарало со социјалните работници кои утврдиле дека нема никаква опасност.
Таа инаку работи како новинар и има повеќе од 9 илјади пријатели, меѓу кои и конкуренти, за кои таа верува дека го пријавиле случајот поради љубомора.