Интернет платформата за прикажување содржини за возрасни ќе им забрани на корисниците да објавуваат материјал што содржи експлицитен секс, објавиjа од OnlyFans.

Компанијата, со седиште во Лондон, соопшти дека одлуката стапува на сила на 1 октомври, а донесена е на барање на партнерските банки и другите спонзори.

„За да обезбедиме и осигураме долгорочна одржливост на платформата и за да ја задржиме заедницата на креатори и обожаватели, мораме да ги унапредиме насоките“, стои во соопштението на компанијата.

Оттаму додаваат дека корисниците ќе можат да објавуваат содржина со голотија ако тоа е во склад со политиката на OnlyFans.