Сабота кон недела (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, а стрелките на часовниците ќе се поместат еден час назад. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.
Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2018 година.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во 700-ина земји. Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено на почетокот на 70-тие години со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.