Jaguar Land Rover се подготвува за „новата нормалност“
Во свет во кој владее пандемијата наречена Ковид-19, во кој сите се принудени да почитуваат мерки и протоколи кои го спречуваат ширењето на вирусот, се раѓаат нови идеи за да се задоволат новите потреби.
Таков е и во овој случај со новиот екран на допир без контакт, развиен од Jaguar Land Rover и Универзитетот во Кембриџ, кој им овозможува на возачите да го задржат погледот на патот и да го намалат преносот на бактерии и вируси.
Во срцето на екранот на допир без контакт е нова, патентирана технологија, наречена Predictive Touch, која користи вештачка интелигенција и систем на сензори за да ја предвиди избраната цел на екранот (навигација, клима уред или команда за забава) без да се допре. Лабараториските тестови на новата технологија практично покажале дека гестовите и времето потребно за работа со екран на допир се преполовени, а во исто време ширењето на бактерии и вируси е ограничено.
Ли Скрипчук, технички специјалист во техничкиот оддел на Jaguar Land Rover за вештачка интелигенција, вели:
„Во комбинација со релаксација на изолацијата во различни земји, забележуваме колку дневни трансакции се прават преку екраните на допир, од издавање на сите видови билети до купување во супермаркети, за индустриска и производствена употреба. Технологијата на предвидлив допир ја елиминира потребата од допир на екранот и може да го ограничи ризикот од пренесување на вирусот на неговата површина. Системот, исто така, ги прави автомобилите побезбедни, намалувајќи го когнитивното оптоварување кое се бара од возачите и промовира концентрација на сообраќајот“.
Ова софтверско решение за бесконтактни интеракции, објаснува британскиот производител, е одржливо и може да се интегрира во постоечките екрани на допир и дисплеи, под услов да се достапни точни сензорски податоци кои поддржуваат алгоритам на автоматско учење.
Извор: Додај Гас