Симптомите на коронавирусот вклучуваат губење на мирис или вкус. Меѓутоа, сега истражувачите велат дека постојат уште два знаци на овој вирус.
Имено, истражувачите од Универзитетот во Синсинати ги испитале симптомите на 114 пациенти на кои им е дијагностициран Ковид-19, а врз основа на собраните податоци, дошле до изненадувачки одговори.
Дури 47,7 отсто од учесниците најмалку неколку денови пред појавата на првите симптоми пријавиле депресивно расположение. Од нив исто така 44,7 изјавиле дека страдаат од блага анксиозност, а 10,5 отсто од сериозна анксиозност.
„Неочекуваните откритија за проблеми со менталното здравје предизвикани од Ковид-19, можат потенцијално да нѝ кажат нешто повеќе за болеста во иднина“, истакнал д-р Ахмад Седахт, еден од истражувачите и додал дека повеќе нема сомнеж дека коронавирусот дефинитивно влијае на централниот нервен систем.