Вакцината против корона вирусот која ја разви Универзитетот во Оксфорд се покажа сигурна, јави Би-би-си.
Испитувањата во кои учествуваа 1.077 лица покажаа дека на испитаниците вакцината им помогнала во производството на антитела, а белите крвни зрнца биле во можност да се борат против корона вирусот.
Откритијата се многу ветувачки, но прерано е да се зборува за тоа дали вакцината е доволна заштита па потребни се дополнителни истражувања.
Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози вакцина.
Како делува вакцината?
Вакцината наречена ChAdOx1 nCoV-19 се развива со невидена брзина.
Направена е од вирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата.
Научниците успеаја во тоа така што ги префрлиле генетските упати за протеинот кој во корона вирусот е клучен алат за напад на здрави клетки. Имано, вакцината наликува на корона вирусот и имунолошкиот систем може да „научи“ како да го нападне.
Дали е сигурна?
Вакцината е сигурна, но постојат нуспојави.
Немало опасни нуспојави, но 70 отсто од луѓето развиле температура или главоболка. Научниците велат дека нуспојавите може да се решат со парацетамол.
„Има уште многу пред да потврдиме дека нашата вакцина ќже омогне со пандемијата, но овие резултати се ветувачки“, рече Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд.