Евтините камери генерално го прават она што и поскапите, но секако има и значителни разлики
Камерите за снимање на возењето не мора да бидат премногу скапи, но прашањето е дали поевтините модели можат да бидат функционални? Со овој проблем се позанимавале колегите од угледниот Auto Bild и тестирале шест камери со цена пониска од 60 евра. Победникот на овој тест е Aukey DR01 која чини 55 евра и е со оцена добра. Во забелешката стои дека снима во висока резолуција, а ноќните снимки се исто така многу добри. Дури и поевтината камера Aukey DRA 1 (45 евра) добила иста оцена со мали недостатоци во сложеноста на менито, упатствата и снимањето (снимките можат да бидат малку нејасни и доаѓа до пикселирање, но целокупниот квалитет е добар).
Третата камера со добра оцена е MiVue C512 (боите често не одговараат на вистинските, но регистрациите и самиот сообраќај може лесно да се разликуваат, коректна камера), по што следуваат три камери со задоволителна оцена: Lamax C7 (60 евра), MiVue C314 (48,25) и Apeman C570 (31,99). Lamax C7 има и опција за снимање на сообраќајот додека возилото е во мирување, но недостаток е единствено копчето кое ја активира функцијата, кое лесно може да се замени со копчето за блокирање на снимањето (не се добро одвоени едно од друго).
Евтините камери генерално го прават она што и поскапите, но секако има и значителни разлики. Поскапите камери имаат и апликации кои го олеснуваат управувањето со снимките, а тука е и контролата со говорни пораки. Во однос на резолуцијата, поскапите камери имаат 4K или Full HD со повеќе снимки во секунда. Поевтините камери снимаат во Full HD, но со околу триесет снимки во секунда што може да биде проблем во, на пример, во градскиот сообраќај каде има многу движења пред возилото (менување ленти, велосипедисти, пешаци…). Повторно, и тие ќе завршат солидна работа.
Извор: Додај Гас