Facebook додаде нова функција во својот Messenger, а во прашање е делење на екранот. Функцијата моментно им пристигнува на корисниците на Facebook Messenger на Android и iOS платформите, овозможувајќи им веднаш да го делат екранот со пријателите и смеејството, било во поединечни или групни разговори.
Делењето на екранот функционира во групните видео повици со до осум луѓе и до 16 луѓе во Rooms, со оглед на тоа дека видео поврзувањето во Messenger може да се извршува директно и преку групи или преку Rooms.
Преку функцијата на делење на екранот, корисникот може да им овозможи увид на другите во тоа што прави на екранот на смартфонот и на тој начин да ја подели речиси целата содржина. Facebook истакнува дека ова ќе овозможи корисниците да останат поврзани дури кога се разделени.
Делењето на екранот е достапно и за Messenger Rooms за до 16 луѓе, на веб и десктоп платформите. Facebook планира ова да го прошири на делење на екранот со до 50 луѓе.