Откако Oppo го претстави својот 125W флеш полнач, Realme сега го објави своето брендирање на технологијата, под името 125W UltraDART. Во теорија, оваа опција на полнење би требало да полни 4000mAh батерија од 0-33% за три минути и компатибилна е со сите поголеми стандарди.
Realme ги најави и плановите да претстави два SuperDart ултра-тенки полнача од 50W и 65W.
125W UltraDART полнењето овозможува 98 проценти претворање на електричната енергија благодарение на две 6C ќелии. Процесот е едноставен – полначот претвора 20V/6.25A електрицитетот низ три паралелни струјни кола во 10V/12.5A, полнејќи истовремено две 2000mAh ќелии на батеријата.
За да го заштити уредот, Realme имплементираше 14 сензори на температура во архитектурата на батеријата, како и дополнително интерно ладење за телефон. На овој начин, температурата на 125W UltraDART полначот не преминува 40 степени целзиусови.