Galaxy S и Note сериите на премиум телефони на Samsung пристигнуваат со Optical Image Stabilization (OIS) поддршка, но според најновите извештаи од Јужна Кореја, OIS идната година би можеле да го добијат и некои помоќни модели од Galaxy A серијата смартфони.
Ова нема да биде прв пат Samsung да го вклучи OIS во својата Galaxy A линија. Телефоните од оваа серија претходно ја имаа споменатата поддршка, но Samsung сега одлучи повторно да ја имплементира оптичката стабилизација во Galaxy A серијата, поради засилената конкуренцијат во средниот сегмент на пазарот.
Покрај тоа, продажбата на премиум телефоните на Samsung не беше на задоволителни ниво и компанијата ова би можела да го надомести преку Galaxy A линијата, која ќе имплементира некои премиум функции како што е OIS.
Samsung засега не се огласи официјално по повод понудата на OIS поддршка во Galaxy A моделите, но се очекува дека моделот A72 ќе биде еден од првите кој ќе имплементира OIS.