Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето.
„Првите дози ДНК-вакцина врз база на плазма наречена ZyCoV-D беа применети денеска заради тестирање врз луѓе“, се вели во соопштението на компанијата.
Вакцината предизвика силна имунолошка реакција при тестирање на животни, како глувци, стаорци, заморчиња и зајаци. Досега не се регистрирани неповолни здравствени ефекти.
„Кај зајаците, администрираните дози беа трипати поголеми од оние наменети за луѓето и тие се покажаа безбедни и имуногени“, велат од компанијата.
Компанијата наведува дека платформата на ДНК-вакцината што ја развиле може да се користи за евентуално прилагодување на вакцините, во рок од неколку недели, во случај на мутација на коронавирусот со цел да се обезбеди целосна ефикасност.
Заедно со неколку други држави, Индија забрзано бара вакцина против Ковид-19.