Apple ја доби судската битка со Европската комисија.
Тие се жалеа против пресудата на Европската комисија дека на Ирска ѝ должат 13 милијарди евра данок.
Вториот највисок суд на Европската Унија пресуди дека Комисијата не докажала дека компанијата добила нелегална државна помош од Ирска преку поволни договори за даноци.
Во 2016 година, Европската комисија откри дека ирската влада му дала на Apple незаконска предност.
Но, Ирска не сакала пари. Таа стана европска база за компании како „Епл“, „Гугл“ и „Фејсбук“ затоа што има една од најниските стапки на данок на добивка во Европа – така Ирска се здружи со Apple и започна борбата против ЕК.
Портпаролот на Apple изјави за „Си-ен-ен бизнис“ дека компанијата е задоволна од одлуката, тврдејќи дека случајот никогаш не бил за тоа колкав данок се плаќа, туку за тоа каде се плаќа.
„Горди сме што сме најголемите даночни обврзници во светот затоа што ја знаеме важната улога на плаќање данок во општеството. Apple плати повеќе од 100 милијарди долари данок на добивка во светот во текот на последната деценија“, рече портпаролот.
Шефот на Apple, Тим Кук, изјави дека пресудата на ЕК не е заснована врз законот, туку дека тие имаат пик на Apple.
Одлуката ја поздрави и ирската влада, која рече дека Apple никогаш не добил посебен третман.