Oпцијата „Secret Chats“ ќе значи поголема дискретност за корисниците. 

Viber деновиве ќе ја активира опцијата „Secret Chats“, што ќе значи поголема дискретност за корисниците. Станува збор за чет-разговори каде што пораките, по наша желба и потреба, ќе можат автоматски да се избришат, откако ќе ги види оној кон кого се испратени. Уште повеќе, таквите „тајни пораки“ нема да може да се зачувуваат преку „Принт скрин“…

Целиот разговор ќе остане криптиран во рамките на Viber. Корисникот ќе може да води два паралелни разговора (еден обичен и еден таен) со ист соговорник или група. Тајниот чет е означен со катанец.