Но, тие, исто така, во огромни количества завршуваат во најмалку седум од поголемите европски реки, изјави портпаролката на еколошката Фондација „Тара“, Роми Хентингер.
„Научниците од лабораториите со кои соработуваме пронашле маски и ракавици на брегот на седум реки при земање примероци во јуни годинава. Тоа загрижува поради натамошниот тек, оти можеме да заклучиме дека други веќе стигнале и во морето“, рече Хентингер за радио France Inter.
Меѓу загадените реки се Темза, Елба, Рајна, Сена, Ебро, Рона, Тибар, Гарона, Лоара и други.
Според стручњаците, маските бргу се разложуваат. Но, во научна експедиција спроведена лани, востановено е присуство на микропластика во огромен дел од водите низ Европа. Тоа е она што долго време не се разградува ни во морето, смета капетанот на пловечката научна мисија, Мартин Ерто.