Samsung го прошири своето портфолио на гејминг монитора преку два нови модела: C27G55T и C32G55T. Двата монитора имаат слични спецификации, а се разликуваат по големините на екраните. C27G55T е 27-инчен модел, додека C32G55T има панел од 32 инча. За разлика од Odyssey G7 и G9 серија, мониторите од G5 серијата не користат QLED технологија.
Odyssey G5 закривените мониторите имаат 1000R закривување, пружаат имерзивно гејминг искуство и го намалуваат заморувањето на очите. VA панелите ги краси WQHD резолуција, 1 ms одзив, 144Hz стапка на освежување. Мониторите се компатибилни со AMD FreeSync Premium технологија и поддржуваат HDR10 стандард.
Типичното осветлување на новите монитори е 250 нита, имаат агли на гледање од 178 степени и 2500:1 контраст. Од приклучоците се присутни 1x DisplayPort 1.2, 1x HDMI 2.0 портови и 1x 3.5mm приклучок.
Samsung не објави информации за цената и достапноста на Odyssey G5 серијата закривени, гејминг монитори.