Четири години откако играта Pokemon Go го освои светот, се појави податок кој открива дека играчите потрошиле речиси 4 милијарди долари.
Играта е бесплатна и се базира на оригиналната видеоигра и цртан филм, а за кратко време стана мега хит кога станува збор за мобилните игри. Креирана е од компанијата “Niantic” и пласирана на пазарот во 2016-та година, а се игра така што се бараат Покемони во реален свет со помош на VR технологија.
Од тогаш играчите поминале дури 23 милијарди километри барајќи Покемони, а уште поневеројатно звучи фактот дека на играта потрошиле 3,6 милијарди долари.
Минатата година беше рекордна за играта со заработка од 906 милиони долари, а оваа година и покрај карантинот поради коронавирусот е остварена заработка од 445,3 милиони долари.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли