Google е подготвен да престане од следната година да прифаќа 64-битни апликации во својот Play Store. Претходно, компанијата е во процес на префрлање на сопствените апликации на 64 бита. Со објавата на Chrome 85 верзијата, подоцна во текот на годината, Google ќе инсталира 64-битна верзија на браузерот на сите уреди кои го користат Android 10 или понов оперативен систем.
Бидејќи Chrome 85 во целост ќе биде 64-битна апликација, ќе имплементира бројни подобрувања на перформансите и сигурноста. Споредбата помеѓу Chrome 83 стабилната верзија (која се уште е 32-битна) со Chrome 85 Dev 64-bit во Octane 2.0 бенчмарк, покажува значително зголемување на перформансите: 15515 поени, наспроти 16785.
Google уште во ноември 2014. година додаде 64-битна поддршка во Android OS, со објава на Android 5.0 Lollipop верзијата. Во овој момент, речиси сите Android уреди се испорачуваат со 64-битни процесори. Меѓутоа, Google и другите програмери продолжуваат да нудат 32-битни верзии на своите апликации на овие уреди, што доведува до пад на перформансите и проблеми со сигурноста.
Стабилниот build за Chrome 85 се очекува во август, а корисниците моментно можат да инсталираат последна верзија на Chrome Dev за да добијат 64-битен браузер на своите уреди.