Lenovo Legion гејминг смартфонот ќе биде претставен во текот на овој месец, а најновиот тизер на компанијата Lenovo укажжува на тоа дека уредот ќе има „dual-haptic“ мотори за поимерсивно гејминг искуство. Телефонот ќе користи два линеарни мотора со x-оска, кои би требало да додадат нова димензија за одзив во игрите.
Истовремено, Sparrow News објави видео од отпакување на Lenovo Legion. Самиот телефон не се гледа премногу во видеото, со исклучок на неговата задна страна, но имаме увид во пакувањето на уредот.
Lenovo Legion, според наводите на компанијата, ќе биде објавен во текот на овој месец. Телефонот има пејзажен дизајн со две камери поставени во центарот на задната страна, како и pop-up селфи камера. Се очекува дека ќе го покренува оверклокиран Snapdragon 865+ чипсет, со вградено активно ладење.
Дисплејот би требало да има освежување од 90Hz, а гласините укажуваа и на поддршка за 2x 45W брзо полнење. Присутни се и два USB-C порта и сензори за контрола на температурата.