Научниците од Универзитет во Тексас, конечно го откриле потеклото на џиновското јајце најдено на Антарктикот.
Утврдено е дека јајцето со големина на фудбалска топка го снело морско чудовиште кое живеело пред 66 милиони години, во ерата на диносаурусите.
Фосилот на најголемото јајце на светот, го пронашле чилеански научници во 2011-та година, 200 метри од остатоците на морското чудовиште, долго 10 метри.
Колку е невообичаено јајцето, покажува и фактот дека чилеанските експерти веднаш го нарекле „The Thing“, алудирајќи на истоимениот филм, чија акција се одвива на Антарктикот.