Google го претстави Android 11 Developer Preview за Android TV, верзија на оперативниот систем наменет за паметни телевизори и стриминг уреди. Оваа верзија за сега е предвидена да ја тестираат и користат само програмерите, за да можат да развиваат апликации кои ќе ги искористат последните унапредувања во оперативниот систем.
Android TV OS е лансиран во 2014. година, односно една година по претставувањето на Google Chromecast уредите. До корисниците овој OS пристигнуваше преку Google партнерите на полето на развој на телевизори, кои ги имплементираа во своите ТВ приемници. Меѓу сертификуваните партнери се наоѓаат познатите компании како што се Sony, Hisense, Nvidia и Xiaomi.
Доминантнa ТВ платформа моментно е Roku, која се наоѓа на повеќе од 30 проценти на сите телевизори во САД, додека Amazon Fire TV е негов најголем конкурент. Android TV платформата зазема нешто повеќе од 10 проценти на американскиот пазар, но Google со унапредувањата кои ги најави се очекува дека ќе успее значајно да го подобри својот статус.