OnePlus се подготвува за претставување на својот нов достапен телефон, што е потег кој од кинеската компанија не сме го виделе веќе извесно време. Првите информации за уредот сугерираа дека ќе го носи името OnePlus Z, но би можел да се појави и како OnePlus Nord.
Сега се појавија детали за предните камери на телефонот. Според наводите, OnePlus Nord ќе има систем со две камери. Телефонот од предната страна ќе биде опремен со 32MP главна камера и 8MP секундарен сензор. Извештајот наведува дека 32MP + 8MP комбинација е конечна и дека самиот отвор за камери е сместен во горниот лев агол на екранот.
Очекуваната почетна цена за OnePlus Z/Nord е 349 евра. Телефонот би требало да има Qualcomm Snapdragon 765 чипсет, 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Се истакнува дека ќе биде официјализиран во Индија на 10. јули.