Компанијата LeanSEM, за која пишувавме неколкупати, го проширува својот тим!
Маркетинг-агенцијата која работи кампањи за „Гугл“ и „Фејсбук“ за над 50 клиенти од Силициумската Долина има отворено повици за неколку различни позиции. Во моментов се бараат: Digital Marketer, SEO expert и Copywriter.
По 5 години постоење во Македонија, тимот на LeanSEM сега менаџира со маркетинг-буџет од над 2 милиони долари на месечно ниво и продолжува да расте дури и во овој период на несигурност.
Кои се придобивките од работа за оваа брзорастечка компанија?
Главно, брзиот раст и можноста за работа на проекти за едни од најиновативните компании во светот.
Во LeanSEM на секој вработен се гледа како партнер. Тоа значи дека секој од вработените има можност за исклучително брз раст и напредок, а поголемите проекти од оние на македонските клиенти овозможуваат многу поголем „impact” од вистинските луѓе.
Ова е место за оние кои дигиталниот маркетинг го гледаат како нивна кариера, а не само уште една работа. Работата со вакви клиенти бара доста труд и вистинска пасија за маркетинг, но можноста за напредок на финансиски и личен план и тоа како се исплати.
Според Габриела, еден од акаунт директорите во LeanSEM, најважно е да сте фокусирани на резултати, да имате аналитички способности и критичко размислување.
Во едно од нејзините интервјуа, Габи ја сподели и својата приказна. Таа раскажа дека доаѓа во LeanSEM пред 4 години, напуштајќи маркетинг-позиција во еден од телекомуникациските оператори во Македонија во потрага по побрз личен раст и валоризирање на трудот.
За една година нејзината плата се зголемува за 5 пати, а сега е еден од двајцата акаунт-директори во LeanSEM, одговорна за маркетинг-кампањите на голем дел од клиентите.
Според Габи, не се бараат само маркетери со искуство, напротив, потребни се луѓе фокусирани на резултати кои сакаат да изградат светска маркетинг-кариера, од Македонија.
Друга придобивка, покрај растот е и системот на поддршка. За оние кои ќе ја одберат работата во LeanSEM како стил на живот и кариера, а не само работа, експертите се подготвени да го споделат целото свое знаење и искуство.
Доколку верувате дека вие сте потенцијален идеален партнер на LeanSEM и сакате да се приклучите на тимот, пријавете се за некоја од отворените позиции.
(ПР текст)