UTG или Ultra Thin Glass технологијата досега беше имплементирана на само еден уред – Samsung Galaxy Z Flip. Флексибилниот панел на смартфонот е креиран од стаклен полимер материјал, кој е поизджлив од оној што го користи Galaxy Fold. Сега, според наводите на реномиран дојавувач, Huawei и Xiaomi планираат да ја прифатат новата технологија на своите идни флексибилни уреди.
Дојавувачот Digital Chat Station истакнува дека UTG ќе биде користен за „флексибилни и свиткувачки екрани“. Свиткувачките дисплеи се интересна ставка тука, бидејќи Xiaomi веќе прикажа прототип на уредот Mi Mix Alpha, кој имплементира слична технологија.
Извештајот укажува на тоа дека Huawei ќе го објави уредот со споменатата технологија, како и дека малопродажната верзија на Mi Mix Alpha телефонот ќе користи UTG наместо цврсто стакло, кое го имаа прототипите на уредот. UTG засега, и натаму не е поизджливо од стандардното стакло кое моментно се користи. Тоа значи дека доколку не се работи за флексибилни уреди, Gorilla Glass и натаму ќе биде подобро решение.