Airpower подлогата на Apple за полнење првобитно е најавена во 2017. година, а компанијата вети дека ќе се појави во 2018. Во текот на минатата година, компанијата објави дека ја прекинува работата на проектот поради технички проблеми, кои доведуваат до прегревање кога се полни Apple Watch.
Меѓутоа, во текот на март оваа година се појавија информации дека Apple тајно го продолжил развојот на AirPower подлогата за полнење. Сега дојавувачот Jon Prosser открива дека Apple навистина работи на AirPower, а најновиот прототип е прикажан како успешно го полни Apple Watch. Според наводите, компанијата успеала динамички да го спречи дополнителното прегревање со користење на A11 чипсетот (истиот кој го користат iPhone 8, 8 Plus и iPhone X).
Apple официјално не го споменуваше Airpower откако објави дека престанал со работа на уредот, така што не е познато дали компанијата планира да го претстави како еден од додатоците во текот на следната објава на својата iPhone линија.