Во новооткриениот обид за сајбер шпионажа, дури 32 милиони корисници се нападнати преку преземање датотеки за Google Chrome.

Неможноста на гигантот да ги заштити своите корисници може да биде голем проблем, затоа што тие се користат за плаќања и други „чувствителни“ активности, изјавија за Reuters од Awake Security.

Според Google, повеќе од 70 малициозни додатоци се отстранети од Chrome веб продавницата.

Повеќето бесплатни екстензии и додатоци се користат за да ги предупредат корисниците на интернет страниците кои се потенцијално опасни, но и да конвертираат датотеки од еден формат во друг. Наместо тоа, овие малициозни софтвери преземале историја на прелистување и ингеренциите кои можат да се користат за пристап до разни интернет-страници.

Според основачот на компанијата Awake, Гери Голомб, ова досега е најголем напад врз основа на преземања од Chrome web продавницата.

Извор: B92.net