Huawei MateBook 13 AMD Edition е најновиот додаток во линијата лаптопи на Huawei, а овој модел го покренува Ryzen 5 3500U процесор со Radeon Vega 8 графичка картичка.

Лаптопот го краси дизајн карактеристичен за оваа серија, како и 2K Huawei FullView дисплеј, кој стигнува со 88% screen-to-body однос. Екранот има 3:2 однос на страници, 2160 x 1440p резолуција, 200ppi густина на пиксели и 1000:1 контраст.

Huawei истакнува дека за ладење на лаптопот е задолжен разладен систем инспириран од перките на ајкулата, а го красат вентилатори со високи перформанси, кои не создаваат врева. Димензиите на лаптопот изнесуваат 286 x 211 x 14,9 милиметри, со тежина од 1,31 килограм.

Покрај Ryzen 5 3500U процесорот и Radeon Vega 8 графичката картичка, лаптопот е опремен и со двоканална DDR4 RAM меморија и PCIe NVMe SSD простор за складирање. Присутна е и Dolby Atmos поддршка за звук.

Huawei MateBook 13 AMD Edition е достапен преку Huawei Store и селектираните партнери во малопродажба (8GB RAM, 256GB SSD модел).