Според листата до која дојде и ја објави аналитичарот Рос Јанг, iPhone 12 Pro и 12 Pro Max ќе имаат екрани со стапка на освежување од 120Hz.
Листата на годинашни телефони со 120Hz ги вклучува и Huawei Mate 40, Asus ROG Phone 2, OnePlus 8 Pro, Oppo Find X2 и X2 Pro други модели. Според неа, само Pro верзиите на новите iPhone модели ќе имаат дисплеј со повисока стапка на освежување, а стандардниот iPhone 12 ќе го задржи 60Hz екран.
Според наводите на изворите од синџирот на снабдување, претстојната iPhone 12 серија ќе биде и потенка. Моделот iPhone 12 Pro Max, со екран од 6,7 инчи ќе има дебелина од 7,4 милиметри, во споредба со 8,1 мм на iPhone 11 Pro Max моделот.
Намалената дебелина на куќиштето нема да се одрази на капацитетот на батеријата. изворите сугерираат дека ниту еден од iPhone 12 моделите нема да има батерија чиј капацитет е поголем од 4400mAh, што е сепак подобро од 3969mAh, колку што има iPhone 11 Pro Max.
На крајот, информациите сугерираат дека iPhone 12 нема да пристигне со слушалки во пакувањето, а овој потег би требало да помогне за зголемена продажба на AirPods слушалките, кои се уште ќе се продаваат засебно.
.