Кога ќе споменат VR очилата, прво на што ќе помислиме е потенцијалното оштетување на видот поради нивното долготрајно користење. Сега корисниците почнаа јавно да зборуваат за тоа, како и за проблемите со кои се сретнуваат.
Корисниците на Twitter почнаа да водат дебати за тоа колку VR уредите го оштетуваат видот, а некои од нив признаа дека веќе имаат посериозни здравствени проблеми. На ова реагираше и Здружението на офталмолози, кое соопшти дека не секогаш постојат конкретни докази, кои укажуваат дека VR уредите, можат да доведат до трајни оштетувања на окото. Меѓутоа, некои корисници велат дека и покрај проблемите со видот, нивните лекари истакнале дека тоа веројатно е предизвикано од прекумерната употреба на VR очила.
Компанијата Oculus која работи во рамките на Facebook, наведува во своето упатство за употреба дека само еден од 4000 корисници може да почувствува одредени тегоби, поради употреба на VR, и советуваат истиот да престане со негова употреба. Претходно лекарите предупредуваа дека може да дојде до напрегање на очите, бидејќи мозокот поинаку ги обработува визуелните дразби од вештачките извори, во однос на оние природните.