Видео играта Star Citizen доби повеќе средства преку „crowdfunding“ од било која друга видео игра досега, а бројката и натаму расте.
Оваа игра оствари донации во вредност од 200 милиони долари во текот на ноември 2018-та година, а сега, помалку од две години подоцна веќе ја достигна бројката од 300 милиони долари.
Речиси 3 милиони корисници дадоа финансиска поддршка со надеж дека продукцијата на играта ќе забрза. Станува збор за мултиплеер игра на компанијата „Cloud Imperium Games“ која требаше да биде објавена дури во 2014-та година. Меѓутоа, како што се развиваше играта, така се одложуваше и претставувањето.
We’re going extraterrestrial! Want to learn more about the Banu or try a dish from the Tevarin? Join us for a week-long celebration of all things ALIEN in the #StarCitizen Universe. ?
Details: https://t.co/5DUBxijzsY pic.twitter.com/pPB8JyIyzk
— Star Citizen (@RobertsSpaceInd) June 12, 2020
Star Citizen би требало да биде комбинација на симулатор во вселената, 1st person shooter и ММО игра.
Играта е најавена како „духовен наследник“ на играта Freelancer која беше претставена во 2003-та година.
Извор: B92.net