Asus претстави два нови преносни компјутера од својата VivoBook E12 серија. Двата модела го делат истиот дизајн, истата големина на екранот и резолуција – 11,6 инчи на 1.366 х 768 пиксели.
За да направи некаква разлика меѓу двата модела Asus одлучи преносникот E203NA да го опреми со eMMC флеш меморија за складирање податоци, а моделот E203NAH со класичен хард диск. Купувачите кои ќе се одлучат за eMMC изведбата ќе можат да изберат помеѓу 32 GB, 64 GB и 128 GB меморија, а купувачите на моделот со хард диск помеѓу капацитети од 500 GB и 1 TB.
Исто така, купувачите ќе можат да бираат и помеѓу двата процесора на Интел од Apollo Lake серијата – двојадрениот Celeron N3350 и четиријадрениот Pentium N4200. И двата модела доаѓаат со 2 GB RAM ([email protected] MHz). Иако преносниците поддржуваат до 4 GB RAM, не е можна надградба бидејќи меморијата е залемена на матичната плоча, па за тоа треба да се води сметка при купувањето.
Остатокот од опремара е ист – поддршка за Bluetooth (4.0) i Wi-Fi (802.11 ac), два USB 3.1 (Type-A) и еден USB 3.1 (Type-C) порт, еден HDMI порт и читач на мемориски картички (microSD), како и веб камера со VGA квалитет. Батеријата во зависност од начинот на користење би требало да издржи до 10 часа работа. Купувачите исто така при купувањето ќе можат да бираат помеѓу два оперативни система – Windowsa 10 i Endless OS, на кој Linux дистрибуцијата е базирана на Ubuntu.