Веќе пишувавме дека Apple веќе некое време бара и тестира алтернативни снабдувачи на OLED екрани, за да не зависи исклучиво од Samsung.
Се чини дека нивниот план за компанијата BOE, како еден од снабдувачите на OLED екраните за годинашната iPhone 12 серија се изјалови. Според корејскиот медиум DDaily, BOE не е во состојба да ја испорача првата пратка на OLED дисплеи за iPhone 12, од причина што екраните на компанијата не задоволиле на тестовите на квалитет.
DDaily не специфицира кога и каде се објавени овие тестови, ни дали тоа ќе има било какво влијание во однос на времето на пристигнување на iPhone 12 моделите на пазарот.
BOE веќе некое време соработува со компанијата од Купертино на LCD екраните, кои се вградуваат во iPad и MacBook уредите. Во партнерство со компанијата General Interface Solution, BOE ќе стане еден од снабдувачите за наводниот следен iPhone со 5,4-инчен дисплеј.