Facebook изгледа тестира начин за заштита на својата Messenger апликацијата со помош на Face ID или Touch ID функцијата (во зависнпст од уредот), што значи дека корисниците наскоро ќе можат да ја користат биометриската технологија за да ги заштитат своите пораки.
Социјалната мрежа претходно потврди дека споменатата функција е во фаза на тестирање, а официјален претставник на Facebook истакна: „Сакаме да им овозможиме на корисниците повеќе избор и контрола за да можат да ги заштитат своите приватни пораки, а неодамна почнавме до тестирање на функцијата, која овозможува отклучување на Messenger апликацијата со помош на подесување на уредите“.
Функцијата моментно е во фаза на тестирање и засега нема информации за тоа кога ќе биде достапна до поширокиот круг на корисници. Ова нема да биде прв производ/сервис на Facebook, кој ги добива споменатите мерки на сигурност. Минатата година, поддршката за Face ID и Touch ID беше имплементирана во WhatsApp апликацијата.