Иако се чини дека во вселената работите се одвиваат многу бавно, планетите сепак се оддалечуваат од Сонцето, а поголем дел од природните сателити се оддалечуваат од планетите околу кои кружат.
Така на пример, сателитот Титан се поместува од Сатурн дури 100 пати побрзо отколку што предвиделе научниците. Што значи ова откритие?
Ова откритие укажува на тоа дека Титан се формирал многу поблиску до Сатурн отколку што првобитно мислеа научниците, а подоцна се преместил на 1,2 милиони километри од планетата.
Претходните истражувања предвидуваа дека месечините како Титан или Калиста ќе се формираат на оддалеченост слична на онаа на која сега ги гледаме сега“, истакна теорискиот астрофизичар Џим Фулер од Универзитетот во Калифорнија, пишува Science Alert.
Месечината на нашата планета се оддалечува од Земјата околку 3,82 см годишно.