Apple наскоро ќе претстави нова верзија на својот оперативен систем, iOS 14. Судејќи според протечените фотографии, корисниците би можеле да добијат еден неочекувана нова функција.

Се работи за функцијата за снимање разговори, а тоа би значело дека можете да снимате и телефонски и FaceTime повици.

На скриншотот кој го објави кинеската ИТ заедница наречен IT Home, можеме да го видиме наводниот изглед на страницата со подесувањата за новата опција. Според она што е тука напишано, ќе биде прилично лесен за употреба – доволно е само да се вклучи, а потоа автоматски да ги сними сите повици, дојдовни и појдовни.

Освен ова, се чини дека оние од другата страна на линијата ќе бидат известени кога ќе биде сниман повикот, објави порталот Neowin.

Според неофицијалните извештаи, iOS 14 би требало да биде поддржан на сите уреди кои тековно го користат iOS 13.

Извор: B92.net